речник контакт

Едукација за жителите од општина Чашка за заштита од измами

Превентивната активност е реализирана во селата Мелница, Лисиче, Дреново, Горно и Долно Јаболчиште

Петар Печков

Отсекот за превенција при СВР Велес во селата Мелница, Лисиче, Дреново, Горно и Долно Јаболчиште, општина Чашка, реализираше превентивно - едукативни активности за заштита од имотни деликти и измами. 

„Низ директна комуникација жителите беа информирани како да се заштитат од кражби и измами, како и за опасностите од употреба на пиротехнички средства и огнено оружје и законските импликации со кои што може да се соочат, поради непочитување на законските прописи“ – соопштија од МВР.

Биле поделени и печатени едукативни материјали. 

фото МВР

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »