речник контакт

Едукација за заштита од пожарите во рамките на „Безбедно лето 2023“

Превентивна активност на СВР Велес за заштита од пожари, активноста била спроведена на подрачјето на селата: Башино Село, Отовица, Сујаклари, Кумарино, Мамутчево и Иванковци

Петар Печков

Денеска понедленик, 7 август  од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција Велес во содејство со претставници на ЈП „Национални шуми“, подружница „Бабуна“ Велес, а во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, беше спроведена превентивна активност под мотото - „Лето без пожари“.

„Целта на превентивната активност беше подигнување на јавната свест кај граѓаните за совесно и одговорно однесување при излети и други рекреативни активности во шумите, а во насока на елиминирање на ризиците за настанување на шумски пожари“ - информираа од МВР.

Активноста била  спроведена на подрачјето на селата: Башино Село, Отовица, Сујаклари, Кумарино, Мамутчево и Иванковци како и на повеќе патни правци во Велешко. При превентивната активност во разговор со граѓаните, од страна на полициските службеници било  укажано на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд, особено во летниот период, и како и каде да ги пријавуваат пожарите, односно за начините за превенција и заштита на шумите, со посебен осврт на донесената забрана за движење во шумски појаси.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »