речник контакт

Едукација на велешани за системот „безбеден град“

Полицијата едуцирала и за „Не користи мобилен телефон додека возиш“ а во општинс Чашка за „Заштити го својот дом“.

Петар Печков

Превентивни активности на СВР Велес за безбеден сообраќај и заштита од кражби

Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и кампањата „Безбеден град“.

 Си те учесници  во сообраќајот беа информирани  и едукацирани за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило“- информираа од МВР.

Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. 

„Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети“ – додаваат од МВР. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »