речник контакт

Едукација на возачите за користење на зимска опрема и невозење под дејство на алкохол

На возачите им бил поделен печатен едукативен материјал, изработен од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Петар Печков

На подрачјето на Велес реализиранa e превентивна активности од областа на безбедноста во сообраќајот, за користење на зимска опрема и да не се управува возило под дејство на алкохол. 

„Полициските службеници во непосредна комуникација им укажаа на возачите за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, заради лична, но и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. При тоа, беше потенцирано дека во зимскиот период, условите на патиштата бараат максимална внимателност и затоа особено е важно користењето на зимска опрема“ – соопштија од МВР.
 
На  возачите им бил поделен печатен едукативен материјал, изработен од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Акцијата е реализирана од  Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.

 фото МВР 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »