Петар Печков
Објавено: среда, 11 март 2026
Велешката полиција ги едуцираше граѓаните со превентивна активност за семејното насилство на тема „Има помош за живот без насилство“ и „Не биди нем сведок“.
„Преку непосредна комуникација, граѓаните беа информирани за начините како да се превенира појавата на семејно насилство, мерките за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство, но и за тоа што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство“ – соопштија од МВР.
Едукативниот настан беше реализиран од полициски службеници од Отсекот за превенција и Отсекот за општ криминал при СВР Велес.
фото МВР
| Tweet |





