речник контакт

Едукација на граѓаните како да се заштитат себе си и својот дом од провални кражби

На средбите биле поделени и корисни совети во насока од превенција од измами со посебен акцент на измами со продажба на дрва на кои што се подложни пред се пензонерите

Петар Печков

На повеќе локации на  град Велес, полициски службеници спровеле превентивна активност во рамките на кампањата на МВР насловена како  „Градиме пријателство, создаваме безбедност“ со акцент на превенција од имотни деликти, пред се кражби и измами.

„Во текот на низата средби и разговори со граѓаните, полициските службеници укажуваа и појаснуваа за формите на имотни деликти, притоа презентирајќи и корисни совети за тоа како граѓаните да се заштитат себе си и својот дом од провални кражби, и за постапките кои треба да ги преземат за заштита“- соопшти МВР.

На средбите биле поделени и корисни совети во насока од превенција од измами со посебен акцент на измами со продажба на дрва на кои што се подложни пред се пензонерите, на што да се внимава, како да се заштитат и што е можно побргу да пријават во полиција, со цел пронаоѓање на сторителите на вакви кривични дела.

Акцијата е реализирана од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициската станица Велес.

фото МВР

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »