Петар Печков
Објавено: четврток, 05 февруари 2026
Од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес биле реализирани две превентивни активности за безбеден сообраќај и за заштита од измами и кражби.
„Во Велес, полициските службеници ставија акцент на безбедноста на пешаците во сообраќајот. Во селата Отовица, Иванковци, Мамутчево и Сојаклари, велешко беа реализирани превентивно- едукативни активности за заштита од кражби и измами, при што полициските службеници ги информираа жителите на овие населени места како да се заштитат од различни видови и форми на кражби и измами“ – соопштија од МВР.
Во рамки на активностите беа поделени и печатени едукативни материјали.
фото МВР
| Tweet |






