речник контакт

Едукација на граѓаните од пожари и за безбеден сообраќај да не се користи мобилен додека се вози

Активностите се реализирани во Горно Оризари, Превалец и Велес

Петар Печков

На подрачјето на СВР Велес реализирани се повеќе превентивни активности со различни целни групи граѓани.  Во Горно Оризари и населба Превалец, со граѓаните е разговарано на тема „Пламените јазици се незапирливи“, односно кои превентивни мерки да ги преземат со цел да се заштитат шумите од пожари. Потенцирана им е за потребата за поголема соработка и навремено пријавување на какви било појави на несовесно однесување од страна на граѓани. 

Во Велес е спроведена активност за безбеден сообраќај. „Не користи мобилен телефон додека возиш“. Основна цел е зголемување на сообраќајната култура, зголемување на нивото на личната и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

фото МВР

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »