речник контакт

Едукација на учениците од Економска од користење пиротехника

Учениците биле запознаени со последиците од управување на возило користење алкохол

Петар Печков

Полициските службеници во пресрет на Новогодишните и Божикните празници, со учениците од средното економско училиште Јовче Тесличков,  организираа едукативна работилница.

Учениците се едуцирале  „Не за користење на пиротехнички средства и петарди“, „Слави со срце, не со оружје“ и „Волан и алкохол најлоша комбинација“.

„На едукативната работилница на учениците преку едукативна презентација им беа претставени штетните последици од користењето на пиротехнички средства и им беше укажувано за опасностите по здравјето, безбедноста и законските последици од недозволеното користење на пиротехнички средства, како и последиците до кои може да дојде доколку се управува возило под дејство на алкохол“ - соопштија од МВР.

Едукативната работилница е реализирана од полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Велес, заедно со полициски службеници од Одделение за општ криминал при СВР- Велес.

 фото МВР

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »