Петар Печков
Објавено: среда, 02 јуни 2010
Пролетниот дожд, кој годинава го има често и изобилие ги откри пропусти на велешките градители. На најфрекфентниот тротоар, на улица Благој Ѓорев, кај Гимназијата по секој дожд се создаваат езера од вода кои го оневозможуваат нормалното минување на граѓаните.
Така беше и вчеравечер кога наместо да се ,,удават,, во водта, тие решија да одат како ,,Марица по жица,, по ивичникот од тротоарот. Па еден предлог, и така овој тротоар моментало се работи, изведувачот да ги среди овие дупки, за да не биде работата,, непотребно фрлање на пари,, како што реагираа минувачите гледајќи како меѓусебно се мачат да минат преку локвите со вода.
Tweet |