Петар Печков
Објавено: четврток, 23 јуни 2011
Синоќешниот концерт на ансамблот Езерки и оркестарот 7/8 во амфитеатарот од Младинскиот парк ги освои велешани. Два часа на нозе бројната публика се потсети на бројните македонски стари песни, кои новите фолк изведувачи и не ги знаат.
Хрватите не прошетаа низ нашето културно богатство на задоволство на гледачите. Меѓу членовите на оркестарто 7/8 беше и велешанецот д-р Коле Јовев, кој живее во Загреб, и на кого 78-те години не му пречеа да засвири рпед неговите сограѓани.
За да не остане незабележано, водителот на концертот, во трите изговорени реченици три пати го утна името на составот Езерки. За него беа Изворки :- ) !! Патем водител беше директорот на сателитската програма на МРТВ велешанецот Кире Василевски.
Tweet |