речник контакт

Езеро, базен, Бабуна и поголем дел од Тополка се за бањање

Вардар и долниот тек на Тополка, низводно од Превалец се забранети за рекреација, наводнување и поење на стока

Петар Печков

  Езерото Младост, реката Бабуна, горниот тек на реката Тополка и Градскиот базен се епидемиолошко сигурни и можат да се користат за капење, рекреација и наводнување. Ова е информацијата на Центарот за Јавно здравје од Велес а со почетокот на  високите летни температури и горештини. Така омилените велешки капалишта добија зелено светло од надлежните здравствени институции дека можат да се користат за освежување.

На повеќе мониторинг места Центарот за јавно здравје од Велес ја следи санитарно- хигиенската состојба на водените површини. Водите на акумулацијата Младост, реката  Бабуна и горниот тек на Тополка  се во втора категорија и се употребливи, додека тие на Вардар и Тополка во долниот дел се во трета категорија и се забрануваат за секаков вид користење. Од досегашните испитување на водата на Градскиот базен, мерењата покажаа дека таа е здравствено безбедна  – велат  од  Центарот за јавно здравје. 

Црната листа по здравјето  е реката Вардар од влезот на Велес, кај Башино село до фабриката ХИВ  која е  бактериолошки контаминирана со фосфати, нитрати и затоа таа се забранува за капење, полевање на земјоделски површини и напојување на стока.  Идентична е состојбата и со долниот тек на реката Тополка од населбата Превалец до вливот во Вардар, па и таа е забранета за капење, наводнување и напојување стока.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »