Петар Печков
Објавено: четврток, 26 јули 2012
Центарот за јавно здравје ги објави резултатите од санитарно- хигиенската состојба на водите во околината на градот, кои велешани ги користат за разладување и освежување. Согласно нивната категоризација езерото Младост и реката Бабуна се во втора а реката Вардар и реката Тополка во трета категорија.
Водата на езерото Младост се испитува на три мерни места, Градска плажа, плажата поред Хотел Романтик и на вливот од Отовичка река во езерото и покажува дека истите можат да се користат за капење, рекреација и наводнување. Единствено има регистрирано зголемена матност, што не влијае на здравјето на луѓето.
Следењето на реката Бабуна се врши на две мерни места. И тука има зголемена матност, но реката може да се користи за капење, рекреација и наводнување.
Квалитетот на реката Вардар се следи на пет мерни места,кај мостот на Башино село, Градски парк, кај Долни Дуќани, вливот на Бабуна и кај ХИВ. Резултатите од испитаните мостри покажуваат водите на Вардар низ велешко се од 4-та до 5-та класа,с о присуство на фосфати, нитрити, амонијак, бактериолошко контаминирани и истите не треба д се користат за наводнување, капење и поење на стока.
Реката Тополка е квалитетна и може да се користи за капење во горниот тек, додека од влезот во општина Велес таа е загадена сои присуство ан фосфати, нитрити, амонијак и не треба да се користи за капење, рекреација и поење на стока.
Градскиот Базен се испитува еднаш неделно и од досегашните резултати, водите се безбедни, велат од Центарот за јавно здравје.
Tweet |