речник контакт

Езеро Младост порибено со еден тон крупен крап

Порибени беа и река Вардар со 200 кг и река Црна со 100 кг

Петар Печков

 
Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ денес изврши порибување на рибниот фонд на река Вардар, езеро Младост и река Црна. Порибувањетово количина од 1,6 тони е во рамките на добиената концесија од Министерството за земјоделие и водостопанство.  Таа беше надгледувана од страна на овластен инспектор Димче Купенков.

Се изврши порибување на дел од водите кои се во  ревирот на ЗСП „Бабуна“  а во согласност со Законот   за рибарство и аквакултура. Езеро Младост се пориби со илјада килограми крупен крап и по тежина  и по должина и  триста килограми ситен крап, додека на реката Вардар во Велес  200 кг  и река Црна со 100 кг. Тие количини се согласно со програмата на ЗСР  за годишна работа -   кажа државниот инспектор  м-р  Купенков.

Рибата која беше пуштена е набавена од Акватика Неготино.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »