Петар Печков
Објавено: среда, 04 декември 2013
Езерото Младост денес беше порибено со 500 кг крап. Тоа е дел до обврските на Здружението на спортски риболовци Бабуна. Рибата е набавена од одгледувалиштето, репро центар во Неготино.
Со ова порибување уште еднаш на дело покажуваме дека посветуваме внимание за рибниот фонд во него така и го збогатуваме. Со нашето искуство ова е вистинско време за порибување. Сомот и смуѓот како риби грабливки сега се пасивни, нема да ја оштетата новата риба. Рибарската служба останува тука два дена, колку што сметаме дека ќе биде доволно новиот фонд крап да се адаптира на новите услови – изјави Ане Тодоров потпретседател ан ЗСР Бабуна.
Пред неколку дена тие ја порибија Бабуна, кај вливот во Bардар со 50 кг пастрмка, а следната седмица ќе го порибат Вардар низ Велес.
Tweet |