Петар Печков
Објавено: вторник, 25 февруари 2020
Со добиениот кредит, во висина од 26 милиони евра, водата од езерото Лисиче нема да го полни езерото Младост. Повеќе години наназад се зборуваше и најавуваше, дека ќе се гради цевковод, со кој ќе се носи вода од езерото Лисиче кон езеро Младост. Целта беше да се полеваат околните површни, но оваа опција нема да се реализира. И тоа по барање на КФВ Банката, која го додели кредитот, соопшти градоначалникот Аце Коцевски.
Оваа опција од страна на консултантите ангажирани од банката е отфрлена како нерационална и несоодветна. Стручните лица сметаат дека ќе се наруши флората и фауната на езерото Младост доколку се помешаат водите. Таа можност е исклучена. Затоа ќе се гради нов паралелен цевковод, покрај постојниот сегашен и приклучоци за повеќе стотина хектари земјоделска површина која ќе може да се наводнува - објасни Коцевски.
Со добиениот кредит се предвидува изградба на систем за наводнување на околу 3700 хектари земјоделско земјиште, изградба на три мали хидроцентрали за производство на енергија со што ќе се искористат потенцијалите кои ги овозможува хидросистемот Лисиче.
Tweet |