Петар Печков
Објавено: петок, 19 февруари 2016
Нивото на вештачката акумулација ,,Лисиче,, крај Велес е на ниско ниво. Минувачите кои биле изминатите денови во овој предел на велешко, изненадени што водостојот е така низок.
Тие стравуваат дека тоа може да се одрази на водоснабдувањето на градот со вода за пиење, но и со полевањето на околните земјоделски површини. Од ЈПВ ,,Лисиче,, објаснуваат, водостојот на езерото е низок, превентивно, да не дојде до прелевање и поплави.
Со крајно внимание се следат временските прогнози од дневни, неделни до месечни со цел да обезбедиме оптимално полнење на акумулацијата. Тоа подразбира да ја полниме акумулацијата така што во секој момент ќе го имаме на располагање просторот за скалдирање, кој што ќе може да прифати количини вода до два милиони м3. На овој начин браната Лисиче изминативе неколку години, кога, речиси секаде, поплавите правеа големи проблеми, ја одигра својата улога на заштита од истите. Со редовно следење на дотокот на река Тополка успеваме да се справиме со овој предизвик така што дозираме соодветно и навремено испуштање на вода од акумулацијата - изјави Бобан Пановски директор на ЈПВ Лисиче.
Објаснувањето е се додека нема појава на прелив , може да се зборува за контролирање на акумулацијата. Бидјеќи во случај да имало прелив, тогаш се би било оставено на карактерот на природата.
Токму од оваа причина стручната служба во ЈПВ Лисиче настојуваше и во изминатите години успеваше да не дозволи акумулацијата да се преполни и да почне да прелива. Со такви планови сме и за оваа сезона, со севкупните наши активности да спречиме појава на преливни води, но и да акумулираме доволни количини вода за сите потреби во преостанатиот дел од годината се разбира посебно летниот - дополни Пановски.
Следењето на состојбите со полнењето на акумулацијата Лисиче е најголема превентива за заштита од поплави. Директорот потсетува дека со ваквата политика која ја водат, градот нема проблеми со водоснабдување, се полеваат 700 ха земјоделски површини,а неколку години по течението на Тополка немало поплави. Езерото собира 23 милиони кубици вода од сливно подрачје од 97 км2 и се полни од Тополка и Врановска река.
Tweet |