Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 февруари 2015
Обилните врнежи овој викенд го наполнија езерото Младост. Според познавачите уште 80-тина цм недостига водата да се прелее преку браната. Тие посочуваат дена не памтат одамна дека била ваква хидролошката состојба на оваа вештачка акумулација.
Причината е што Рудничка река,која не течела десетина години, сега ја има. Од обилните дождови оваа суводолица се појави. Се е покриено со вода околу нејзиниот влив во езерото, во месноста Бела Вода. А и плажите покрај брегот се со високо ниво,сигурно метар е надојдено езерото,фалат уште 80 см за да се прелее преку браната - вели соговорникот,кој е чест посетител и познавач на езерото.
И Отовичка река имала свој придонес во високиот ниво на езерото. Таа и сега носи големи количества вода во него. Надлежните смируваат, нивото е на максимум, не очекуваат дека ќе продолжи да расте.
Според нашите последни мерење на езерото Младост, за да прелее водата преку браната потребни се уште 64 цм. Но приливот на вода во езерото е стабилизиран, така што ова е максималното, не очекуваме дека тоа ќе се прелее. Состојбата со акумулацијата Лисиче е далеку подобра. Таму езерото има уште толку можност да прими вода,колку што има сега. Далеку е од прелевање - изјавија од ЈВП ХС Лисиче., кое управува со двете акумулации во велешко.
Пред две години, во истиот овој период езерото Младост се судруваше со проблем од недостиг на вода и нивото се доближуваше до биолошкиот минимум. Сега состојбата е радикално сменета, езерото е пред прелевање.
Tweet |