Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 мај 2013
Посетителите кои продолжениот прво мајски и Велигденски викенд беа на езерото Младост, беа изненадени од бојата на водата. Таа е променета, сега е зелена и матна. Причина за ова е цветењето на алгата, кое се случува три пати во текот на годината. За разлика од минатите години, кога се првото се случуваше кон крајот на месец мај, годинава се случи многу порано, почетокот на месецот.
Оваа алга му дава и лековитост на водата, иако овој период, за волја на вистината има малку капачи. Ама затоа има многу рибари. Вообичаено овој процес на цутење на алгата и промена на бојата на езерото трае една седмица. Но освен што бојата е зелена, нивото на езерото и натаму е многу високо, поплавени се плажите и делови од крајбрежјето.
Tweet |