речник контакт

Езерото Младост со нов живот

Езерото Младост стана посакувано место за живеење а плацевите од новоформираната сателитска населба се скоро распродадени.

Петар Печков

Езерото Младост стана посакувано место за живеење а плацевите од новоформираната сателитска населба се скоро распродадени. Во близината на двата мотели е локацијата каде на четириесетина места ќе никнат нови објекти и населбата, поголемиот дел од нив веќе е продаден останаа уште.

- Местото е идеално за живеење, незагадено, поглед на езеро. Одлично е поврзано со автопатот така што се решивме тука да живееме, далеку од градската врева а блиску до градот - вели Никола Бобев, еден од новите сопственици на градежното земјиште. Нивна обврска е објектите да ги изградат најмногу за две години и единствено можат да бидат за домување. Наместо да градат во населбата Отовица, каде бројни бизнисмени кои се иселија од градот оформија елитна населба, други се решија за езерото Младост.

Жители на Велес и Скопје, од различни професии на досегашните три јавни лицитации ги купија плацевите. Ако на првата лицитација пред четири години имаше само три продадени плаца, следните две беа во последните три месеци кога се продадоа повеќето. Се купуваа и повеќе, од три до пет парцели, а тоа сопствениците го објаснуваа со бројноста на фамилијата. Негираа дека сега купуваат за подоцна, кога цената на земјиштето ќе скокне да ги препродаваат.

Причина за големиот интерес е што таму веќе се гради Академијата на Про кредит, која  повлече нога по што населбата стана актуелна. Во неа ќе се обучуват банкари од 15-тина држави на југо-источна Европа а нејзината изградба треба да заврши до есен. Најдобрите места во населбата беа купени од словенци, кои платија три пати повеќе од почетната цена.

- Се покажа дека доведувањето на германците значеше многу за езерото Младост, кое стана атрактивно за живеење и туризам. Тие од неколку држави на Балканот се решија за езерото Малдост. Сега сме во фаза на доведување на комунална инфраструктура за населбата, вода, струја, канализација, што треба да заврши до крајот на март - изјави градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Но тука не завршуваат активностите, се работи на создавање на туристички потенцијал покрај езерото, бидејќи градот и понуди на Владата „Аква паркот“ која таа планира да го гради, да биде лоциран токму таму, место каде се разменуваат двата правца на автопатот Скопје - Атина. Неодамна приватна германска фирма дошла на преговори бидејќи била заинтересирана на 60-тина хектари во близина на езерото да ги гради првите голф терени во Македонија.

Кон крајот на месецов ќе се знаат и првите сопственици на просторот каде ќе бидат лоцирани автокамп, хотел и мотел. Градоначалникот на Коцевски ги смирува велешани, дека тие ќе имаат плажа каде да го минуваат летото, бидејќи тој простор останува слободен и не се продава. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »