Петар Печков
Објавено: недела, 18 декември 2016
Составот на екипата на 5 ФМ Радио од Велес дојде до полуфиналето на традиционалниот натпревар на медиумите, кој го организира Спортското радио 903 од Скопје.
Младите и надежни фудбалери на 5ФМ загубија во полуфиналето од АЛСАТ М и тоа на пенали 3:4, откако играа 1:1 во регуларните минути.
Претходно во четврт-финалето велешките мајстори на футсалот победија на пенали 4:2 против екипата на МРТВ играјќи пак без голови во регуларните 20 минути.
Селекторот Тевчев очигледно одеше да се игра нерешено, па кој победи на пенали, победи. И тактиката му успеа, го поделија третото место.
5 ФМ радио играше во група со МИА која ја победи со дури 3:0 а загубија од организаторот Спортско радио 903 со 4:2.
Составот на екипата може да го погледате на фотографијата во прилог.
Tweet |