Петар Печков
Објавено: недела, 17 февруари 2013
Велешките рибари утрово забележале како по течението на реката Вардар низ градот пловат големи мрсни дамки. Истите ги забележале околу седум часот а по реката ги имаше се до пладне. Не е регистриран помор на рибна, но затоа имало силна смрдеа и нечистотија по Вардар.
Кога излеговме да ловиме риба, видовме дека по Вардар пловат мрсни дамки големи по неколку метри квадратни. Мириса на ќоспе, преработен изгорен сончоглед, како што работи Маслодајна. Дамките се од индустрискиот канал во новиот дел на градот, каде се приклучени неколку индустриски капацитети. Во првите моменти мирисаше и на киселина. Не видовме дека има некоја риба угинато, но оваа мрснотија е лоша по еко системот на водите од Вардар – велат велешките рибари.
На лице место беа и надлежните инспектори за животна средина од Министерството и од општината, кои земаа примероци од загадената река. Тие ќе бидат дадени на испитување,за да се утврди кој е сторителот на овој еко- инцидент. Ист ваков се случи и пред два месеци, но тогаш остана без разрешница.
Tweet |