речник контакт

Еко акција, засадени 37 садници дрвја и украсни цветни садници

3асадување на садниците беше во заедничкиот двор на Гимназијата „Кочо Рацин“ и Хемиското „Димитрија Чуповски“

Петар Печков

Еко акција на засадување на садници во дворот на Гимназијата „Кочо Рацин“ и  Хемиското „Димитрија Чуповски“. Учениците и професорите заеднички спроведоа акција за засадување нови дрвца во училишниот двор.

„Садниците се обезедени од средствата кои локалната власт ги идвои за уредување на дворното  место, кое е заедничко на двете средни училишта. Ова е зaедничка акција, во која се засадија 37 садници, повеќето се листопадни три годишни дрвја и дел украсни цветни. Со заедничка работа и грижа за животната средина, создаваме поубав простор за младите генерации“ – рече Иле  Попов директор  на Гимназијата.

Акцијата е дел од програмата за преуредување и разубавување на заедничкиот училишен простор, со цел создавање попријатна и поздрава средина за учениците. Садниците се засадени во предниот дел и задниот дел од училиштниот двор.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »