Петар Печков
Објавено: четврток, 08 ноември 2012
По повод Светскиот ден на еко-акциите на еко училиштата ОУ Св. Кирил и Методиј со повеќе содржини го обележа овој ден. Тие се добитници на еко знамето и затоа ја одржаа манифестацијата во Младинскиот парк. Во дворот на училиштето се засадени дрва туи а од пластичните шишиња се создадени саксии за цвеќе.
Со овој настан сакаме да покажеме дека децата се грижат за зелена еко планета. Преку возењето ролерки кажуваме стоп на возилата, имаме и еко летала, децата се облечени во буба-- мари ,зајачиња. Еден дел од децата цртаат други создадоа дела од сушени листови, се со една цел да покажеме дека мислиме на нашата планета – рече Анита Мирчевска директорка на ОУ Св. Кирил и Методиј.
Tweet |