Петар Печков
Објавено: четврток, 22 септември 2016
Учениците од ОУ Блаже Конески по повод 16 Септември, Светскиот ден на озонската обвивка, организираа акција за собирање на ПЕТ амбалажа и стара хартија.
Во настанот беа вклучени учениците од прво до деветто одделение, нивните родители и наставниците. Во еднодневната акција беше собрано 325 кг стара хартија и 250 кг отпадна пластика.
На овој начин се подигнува еколошката свест , се едуцираат учениците уште од најмала возраст,за важноста на здрава и чиста животна и работна околина . Така се развива еколошка свест. Од собраните средства се подобрува состојбата во училиштето и околината, како и намалена загаденост на околината и заштита на озонската обвивка - велат надлежните од оваа еко акција.
Таа ќе се спроведе уште во неколку наврати во текот на учебната година, за различни поводи.
Tweet |