Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 јуни 2012
Учениците од ООУ,,Рајко Жинзифов,,Оризари Велес се вратија задоволни од Еко кампот кој се одржа на Пониква на Осоговските планини во периодот од 11 до14 јуни под покровителство на невладината организација ОХО и Министерството за образование и наука како дел од програмата Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем.
Тие заедно со свои другарчиња од Скопје, Кавадарци, Битола И Македонски брод беа наградени за својата земјена уметност и имаа можност да научат повеќе на Еко Кампот.Рециклираа хартија,спортуваа,се запознаа со биодиверзитетот во непосредната околина,изработуваа маски од хартија,пластика,засадија растенија во пластични шишиња со што го украсија декорот во кој беа сместени.
Завршниот ден со помош на шумското стопантво од Кочани засадија борови и изработија ланд арт уметност,, Еко-камп Осогово 2012,,на падините покрај ново засадените борови.Стекнаа нови пријателства но и нови знаења како да ја заштитат животната средина од загадување и како можат и тие да придонесат со малку труд да има големи резултати со селектирањето и рециклирањето на отпадот.
Tweet |