Петар Печков
Објавено: недела, 14 септември 2014
Повеќе од година и половина по велешките улици се тракала еко мопедот, сопственост на Илчо Тасков. Тој е од марката рајдер, не троши гориво, не загадува а успешно се справува со велешките угорнини.
Илчо е задоволен од мопедот, дури има и еколошка зелена боја, но за жал нема поголем одѕив кај велешани за користење на вакви еко мопеди низ градот.
Така Илчо е пионерот во велешкиот собораќај и борбата против загадувањето со еколошки мопед.
Tweet |