Петар Печков
Објавено: петок, 05 јануари 2024
Еко паркот со парк на авантури на езеро Младост ќе се изнајмува преку јавен повик. За ова одлука донесоа членовите на Советот на Општина Велес, на последната седница, одржана на истекот на 2023 година. Точката беше стаен како итна,бидејќи се јавиле заинтересирани за изнајмување, но и да се избегне претстојниот процес на избори.
„Еко паркот и паркот на авантури, ќе се изнајмува за период од 10 години, јавното надавање би било по пат на електронско наддавање. Идниот корисник би требало најдоцна да започне да работи со него од 1 мај 2024 година. Проценката на вредноста опремата е 133.592 денари. Ако остане вака како што е тој ќе се оштетува, времето ќе го уништи. Ако веќе се јавуваат лица да стопанисуваат, треба да го понудиме на јавен повик. Ова е идеален момент“ - кажа Петре Цилаков, раководител на сектор во Општина Велес.
На прашање од советниците, Цилаков кажа дека едно лице дошло на разговори во локалната власт, подоцна се јавило уште едно.
Еко паркот со паркот на авантури има повеќе содржини, намети за туристичка понуда на езерото Младост.
Се наоѓа на падините на овој рекреативен центар, кој е посетен не само до велешани, туку бројни гости од Македонија но и транзитни туристи. Има поставено и камп куќички некои и во форма на буре, каде може гостите да преноќуваат.
Еко паркот со паркот на авантури е дел од содржините, на проектот „Паметно езеро Младост“ веден еден милион евра, грант од ЕУ. Три години откако проектот заврши, паркот беше неискористен.
Tweet |