речник контакт

Еко- акција „Сакај го Велес“ (фото)

Во акцијата која се одвиваше на потег од Хотелот Вила Зора до Мало мовче, собрани се 20 м3 смет и отпадоци

Петар Печков


За 21-ви март, Денот на пролетта, се одржа еко-акција „Сакај го Велес“. Нејзини организатори беа ЈКП Дервен и Општина Велес, со цел подигање на свеста кај граѓаните, за почитување на нормите каде се фрла сметот.
 
„Еден од  врвните приорите на локалната власт и ЈКП Дервен е подберување на хигиената. Изминатиот период организиравме повеќе акции за подобрување на хигиената во градот. Повеќе нема да се забележат полни контејнери, се поставуваат нови крпи за смет. Работиме на нови локации за јавно зеленило. Работиме заеднички за нов модерен европски Велес. Ова е кампања која ќе ја работиме  подолг период, оти ресурсите на ЈКП Дервен се лимитирани.  Чистота зависи од самит нас. Кампањата ќе има повеќе активности и ќе трае секој ден до истекот на мојот мандат. Мора да се подобри хигиената, зачува јавното зеленило и урбаната опрема“- кажа градоначалникот Марко Колев.
 
И додека некои локации се чистат по неколку пати, исто толку тие се повторно нечисти и со отпад.

„Оваа еко-акција а која ќе продолжи наредниот период, всушност е продолжување на нашите досегашни работни активности за чистење на градот.  Граѓаните мора да ја зголемат нивната одговорност и да го одложуваат отпадот, кои се наменети за тоа. Заеднички треба да си го сакаме гадот. Хигиената да почнува со секој од нас“ - рече Горан Наунчев в.д.  директор ан ЈКП Дервен.

Во акцијата кој асе одвиваше на потег од Хотелот Вила Зора до Мало мовче, собрани се 20 м3 смет и отпадоци, соопштија до ЈКП Дервен.

Велес е најубав кога е чист! Порачаа учесниците , вработени од општинската администрација и јавното комунално претпријатие Дервен, советниците од Општина Велес, ученици од основните и средните училишта, Општинската организација на Црвен крст, претставници од градинката „Димче Мирчев“ и ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“, како и граѓани на Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »