Петар Печков
Објавено: сабота, 21 март 2015
По повод 21 Март-Денот на пролетта и Денот на екологијата, Еколошкото друштво ,,Вила Зора,, го одржа традиционалниот велосипедски крос "Tour de Veles". Овој крос, се одржа под мотото БАРАМЕ ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ЗА ВЕЛЕС,,.
После една година пауза, поради ненајавеното прекинување на поддршката од страна на општина Велес, оваа година по 12 пат ЕД Вила Зора самостојно го организира со цел да ја подигнеме свеста за редовно возење велосипед и јавно да побараме да се изгради велосипедска патека за безбедно возење на велосипедите. Праќаме порака до велешани за што повеќе користење на велосипедот како еколошко и економско најисплатливо превозно средство.
Иако секоја пролет велосипедот е најмасовното рекреативно средство кое го користат велешани, и по толку години најава велосипедска патека нема.
Tweet |