Петар Печков
Објавено: сабота, 27 јануари 2007
Велешките фирми Крзнарата АД Димко Митрев и Металната индустрија ДОО Брако се првите македонски производители кои ја започнаа постапката да добијат еко-дозволи кои ќе ги доделува локалната самоуправа. Ова е обврска на производителите со цел да се обезбеди остварување на економски развој без деградација на животната средина.
- Потенцијална опасност од нашето работење се фарбара и цинкара а приоритети за заштитата на животната средина е воведување на сопствен мониторинг - изјави Зоран Јаневски претставник на Брако.
За да ги реализираат потребните еколошки стандарди Брако треба до 2008 да вложи 180 илјади евра, додека Крзнарата до 2014-та повеќе од еден милион евра. Тоа се сопствени средства потребни за отстранување на потенцијалните опасни елементи при нивниот процес на производство.
- За елиминирање на хемиските средства кои се користат во преработката на кожа, потребно е подобрување на работата на котларницата, третманот на отпадните води, системот на емисии на прашина, ефикасно користење на водата - вели Љубомир Богоевски преставник на АД Димко Митрев.
Тие треба да изградат пречистителна станица за отпадните води кои се излеваат во реката Вардар и да го доградат фабричкиот оџак од 16 на 22 метри височина.
Одржаната јавна расправа за издавање на еколошки дозволи е новина предвидена со новата законска регулатива, со која единиците на локалната самоуправа добија поголеми надлежности во делот на заштитата и унапредувањето на животната средина и тие можат да издаваат Б интегрирана еколошка дозвола.

Tweet |