Петар Печков
Објавено: петок, 16 септември 2016
Екологистите од ЕД Вила Зора барат да се организира јавна трибина, по последната сеча на дрвја во паркот пред Уред. Целта на неа би било да се одреди каква ,,зелена,,иднина има Велес. Би присуствувале претставници од Општината, Советот, ЈКП Дервен, стручни независни лица, екологисти, граѓани а би ја организирала Општина Велес. Од ЕД Вила Зора упатија покана до локална власт да се организира јавна трибина, јавна дебата на тема ,,Што понатаму со зеленилото во Велес,,.
Велес е град со лоша еколошка историја. Во овој период се исекоа премногу дрвја, зелени површини. Не сме против сечење на стари, оштетени дрвја, но никако не се согласуваме, со сечење на млади дрвја. Дрва кои се карактеристични за Велес, за Македонија, тоа се автохтони. Не можеме да и наложиме н а природата што ќе расте, против сме на заменета на дрвја со жардинери. Тие за на тераса, двор. Зеленилото е наше на сите, парите се на граѓаните и затоа е потребна дебата, не да се одлучува во тесен круг што со зеленилото во градот – рече Ненад Коциќ, претседател на ЕД Вила Зора.
Ова доаѓа по сечата која деновиве се с лучи на повеќе локации во градот. Со оправдување дека се гради парк и дека дрвата се стари и деградирани. Градоначалникот на Велес, ја прифаќа оваа идеа. Чадиев со став дека во разговор може да се реши , во каква ,,зелена иднина,, Велес терба да оди.
Отворени сме за соработка. Идејата нека ја стават на хартија, нека предложат, што и како мислат. Што е до нас ќе организираме и ги поканиме сите релевантни соговорници – рече Чадиев. На ова експресно реагираа од ЕД Вила Зора,дека тие предлогот го доставиле до Општина Велес. Очекуваат за колку време тој ќе биде организиран.
Tweet |