речник контакт

Екологистите алармираат, потребно е мерните инструменти за квалитетот на воздухот во Велес, што поскоро да се стават во функција

Ова затајување се случува во период кога започна греењето во домовите

Петар Печков

Потребно е мeрните инструменти  за квалитетот на воздухот во Велес, да се стaват во функцијa час поскори. Тоа е потребно заради здравјето на велешани,  да знаат каков воздух дишат, во период кога започна греењето во домовите. 

Ова е реакција на велешките екологисти, откако од 9 ноември, од денот на ослобдувањето, мерните инструменти на Министерството за животна средина, не ги покажуваат часовните и дневните вредности.

„Ова е сериозен проблем, оти граѓаните немаат информација за состојбата со квалитетот на воздухот. Тоа е директен  проблем за здравјето. Со ова се случува ненавремено реагирање на надлежните ако е надминат прагот на информирање кога два дена врзани еден по друг е надмината вредноста од 100 мг/м3  или  или прагот за алармирање, кога два дена по ред е надмината граница од 150 мг/м3 . Ги повикуваме надлежните ваквата состојба да се реши во најкус рок. Време е на овие проблеми да им се даде приоритет“ – вели Сашка Коцевска од ЕД Вила Зора, од Велес.

Мерењето на квалитетот на воздухот во Велес се врши на едно мерно место, во населбата Тунел, во дворот на тамошната детска градинка. Од МЖСПП соопштија за ТрМр дека причината била конекцијата.

„Од 9-ти ноември поради проблем со уредот за превземање на податоци во мониторинг станицата за квалитет на воздух Велес 2, нема можност да се воспостави комуникација со базата за собирање на податоците и заради тоа податоци за измерените концентрации на загадувачките супстанци не се прикажуваат на порталот за квалитет на воздух. Сервис- инженерите работат на отстранување на проблемот и дополнително ќе информираме за тежината на дефектот и можноста за негово отстранување“ – соопштија од Министерството.

Минатата година Општиан Велес побарала од Министерството за животна средина да постави уште една мерна станица, во стариот дел на градот, но биле одбиена.

Најавуваат дека ќе бараат и следната, оти можеби според  годишниот план за работа за 2025, ќе имало средства за таква намена.

Според истражувањето на Општина Велес од пред седум години, 65 отсто од загадувањето во градот е резултат на домаќинствата, па на сообраќајот, а најмалку е на индустријата. Во време кога работеше Топилницата, во Велес имаше пет мерни станици, дел државни и дел општински.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »