речник контакт

Екологистите ги промовираа контејнерите за собирање пет-амбалажа

На граѓаните кои денес фрлија пет амбалажа во овие контејнери, им беа делни платни торби за пазарување

Петар Печков

Еколошкото друштво ,,Вила зора,,  од Велес денес ги промовираше деветте  ново поставени жолти метални мрежести контејнери. Тие се на исто толку локации- фреквентни места, каде граѓаните ќе може да ја одлагаат пет амбалажата. Настанот имаше еколошка и едукативна цел.

Ова е акција за подигање на еко свеста кај граѓаните, за фрлање на пет- амбалажа во жолти контејнери.  Целта е да има каде  пластичната амбалажа да се фрла. Пораката е да ја собираме оваа амбалажа и ја одложуваме во одредени контејнери наменети за неа.  Со рециклирањето се намалуваат количините на пластика на депониите и загадувањето на почвата, подземните води  - рече Неда Коциќ од ЕД Вила Зора.  

На граѓаните кои денес фрлија пет амбалажа во овие контејнери, екологистите од ЕД Вила Зора  им делеа платни торби за пазарување. Кампањата е во рамките на акцијата за подобра животна средина #НеИгнорирај #Реагирај и  е финансирана од Британската амбасада во Скопје. Екологистите предупредуваат дека од   речиси 14 илјади  тони пластика што се создава годишно на пазарот во земјава, се рециклираат само 19 проценти, околу 2.600 тони. Заради рециклирање, неколку години локалната власт дели и жолти канти за собирање на пет амбалажа и тие се доделени  во дел од домаќинствата во градот. 

Истовремено Општина Велес  постави 10 пластични  контејнери од 1,1 m3 во жолта боја на јавни површини со што и официјално ја започна примарната селекција за граѓаните од колективно домување, трговските објекти и други правни субјекти. Со ова се врши проширување на примарната селекција која досега се спроведуваше кај 30% од индивидуалните домаќинства во општината.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »