речник контакт

Екологистите предупредуваат, чистење на почвата од тешки метали стопиран

Од Дервен велат започнавме да ги враќаме розите по зелените површини

Петар Печков

Екологистите ја прекинаа соработката со Дервен лути оти дел од 7-те илјади рози  наместо на зелените површини се чуваат во магацините. Комуналците  објаснуваат розите почнале да ги засадуваат  деновиве.  Единствената шанса за велешани до поздрав живот е деконтаминација на почвата, каде до 50 цм е регистрирано високо присуство на тешки метали, олово и кадмиум. Стручните  лица  објаснуваат дека можноста да се отстранат смртоносните метали е да се засадат цвеќиња, чиј коренов систем ги апсорбира. Затоа екологистите од ЕД Вила Зора пред две години започнаа проект за засадување на 7 илјади рози на јавните површини во Велес, но тој минатата година беше прекинат. Причина реконструкција на двата парка во градот. Розите беа искронати и се чуваа подолго време во расадот на ЈКП Дервен.

  Се стопираше процесот на деконтаминација. Наместо рози, како што беше договорот се засадуваат  некои други цвеќиња, кои  стручњаците не ги прифаќаат. Наместо тоа розите гнијат во магацините.  Тие имаат животен век до 30 години и затоа во тој период преку нивниот коренов систем ги  собираат тешките метали. Но гледате наместо нив  по градот има некои други цветови. Затоа ја прекинавме соработката со ЈКП Дервен се додека не се засадат сите рози – изјави Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора.

Тие овој проект го работеа со Швајцарската Влада а беше партнерски со општина Велес и ЈКП Дервен. Ова е прв ваков пример на Балканот преку фиторемедијација, да се отстрануваат тешките метали од почвата, преку кореновиот систем. Но тој паузираше  една година а екологистите стравуваат дели ќе продолжи. Енормното присуство на олово и кадмиум во велешката почва е резултат на три децениското неконтролирано работење на Топилницата.  Од ЈКП Дервен  одговорија дека тие  од вчера, четврток започнале со враќањето на розите  во парковите.

ЈКП Дервен ќе вклопи садници од рози во цветните аранжмани на повеќе локации во градот, на места каде има поставено систем за наводнување, при што првите рози ќе бидат засадени на ул. Благој Ѓорев, која сега хортикултурно се уредува -  изјавија од ЈКП Дервен. 

ЕД Вила Зора имаше и втор проект  кој требаше да ги чисти земјоделските површини. Но временските услови, сушата го сопреа.  Со него беа засадени на десетина хектари површина,  маслодајна репка 80 кг семе. Но поради сушата тоа не успеа. Екологистите работа на поголем проект, со кој  преку европски пари, Велес заедно со три други градови од Словенија. Италија и Шпанија треба како на црна еколошка точка, да му се помогне во чистењето на површините од тешки метали.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »