речник контакт

Екологистите реагираа, апаратите за квалитетот на воздухот проработеа

Измерените вредности шараат, гору долу, над и под дозволените вредности, измината седмица

Петар Печков

Од пред седум дена, oд 8-ми февруари, мерните  апарати на Министерството за животна средина, за тоа каков воздух дишеме  во Велес повторно  се  во функција. 

Сондите се поправени, откако велешките екологисти реагираа, преку писмено соопштение. ЕД Вила  Зора бараше ,,итно,,  да се поправат и велешани да  знаат каков воздух дишат. 

До кога ќе работат не е познато, оти по секој дожд, сондите  откажуваа. Тоа се случи три пати зимава, на почетокто на декември, цел јануари  и на почетокот од февруари.   

Од графиконот може да се забележи дека  ПМ 10 честиките  ,,шараат,, гору долу над  дозволените вредности.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »