Петар Печков
Објавено: среда, 03 јуни 2015
Во текот на изминативе денови до Еколошкото Друштво Вила Зора и Зелениот сервис за граѓаните, пристигнале поголем број реакции од сограѓани, поради појавата на масовно труење на животни по улиците и парковите во Велес.
Поради тоа тие апелираат надлежните да преземат мерки за откривање на сторителите, а ваквиот неразумен гест бараат веднаш да прекине. Воедно и искажуваат револт од фрлањето на отров по дворовите од училиштата.
ЕД Вила Зора во минатото повеќепати апелираше до надлежните институции за потребата од згрижување на кучињата скитници, кои немаат свое живеалиште и за кои уште пред неколку години беше ветено правење собирен центар, од кој за жал досега нема ништо?! Апелираме до граѓаните да не ги трујат животните-скитници, затоа што тие не се криви што се оставени на улица, туку одговорноста е на луѓето кои ги оставиле и на институциите кои не ги згрижиле. Јавно искажуваме револт против фрлањето на отров во дворовите на училиштата, каде секојдневно поминуваат стотици деца - велат од ЕД Вила Зора Оваа еколошка органзиација предупредува, за да не дојде до уште понемили сцени, ВЕДНАШ да се ПРЕКИНЕ оставањето отров на јавните површини!!!
Ги повиквуаат граѓаните, доколку забележат дека некој остава храна на јавни површини, ВЕДНАШ да го пријави во полиција или во Зелениот сервис за граѓаните на ЕД Вилза Зора!!!
Tweet |