речник контакт

Еколозите од Вила Зора ја уредија Долна Бабуна и Пешти за гостите

Велешани и неговите гости добија нова можност за одмор и рекреација, тоа е долниот тек на реката Бабуна и кањонот на Пешти

Петар Печков

Велешани и неговите гости добија нова можност за одмор и рекреација, тоа е долниот тек на реката Бабуна и кањонот на Пешти, проект реализиран  од еколошкото друштво Вила Зора, работен со поддршка на општина Велес и Глобалниот еколошки фонд ГЕФ, со седиште во Будимпешта. На овој начин се создава можност за развој на еко- туризмот, кој е доста популарен и во земјите на ЕУ.
 \"\"

- Овој предел е прогласен од локалната власт за карактеристичен пејсаж и заштитена средина. Тое е место кое изобилува со културно-историски споменици но и  простор каде што живеат ендемски видови птици вели Ненад Коциќ, претседател на ЕД Вила Зора. Тие ќе се обидат да ги враќаат ретките и скоро исчезнати птици во нивниот дом, месноста Пешти по природен пат.  Со реализација на проектот „Долниот тек на Бабуна и Пешти“  треба да се зачува но и да се зголеми бројот на ретките птици кои тука некогаш живееле. На листата се црн штрк и египтски мршојадец кои сега ги има со два односно еден пар. Тука живеат и царски орел, златен орел, карполазач, црна луња.Изградено е хранилиште кое е  на скришно и тивко место, далеку од очите на луѓето и опасноста да ја затрујат храната а со тоа и птиците. За негова реализација помош добиле од прехрамбената индустрија „Агрија“ која ги доставува мршите. Стручњаците предупредуваат дека отровот токму кои луѓето го ставаат во мршите е најголемата опасност за птиците. Затоа хранилиштата се предвидуваат на места кои ќе бидат далеку од опфатот на човекот.

\"\"

- Во пракса го промовирама еко-туризмот и во соработка со природата ја актуелизираме нејзината заштита.Поставивме три пункта, видиковец, продажен и понтонски мост, преку кој лесно може да се ужива во природните реткости – вели Кире Кочов, раководител на проектот. Продажниот пункт е лоциран на вливот од Бабуна во Вардар и тука посетителите можат  да купат сувенири и локални карактеристични производи. Од видиковецот посетителите можат да ги видат ретките птици во нивниот природен дом, додека со помош на понтонскиот мост гостите ќе ги посетат Пештерските цркви. Тие се четири на број, сместени се во самиот кањон на Пешти. Некои имаат и сочуван фрескоживопис. Стари се десетина векови, и според истражувањата потекнуваат од 10-тиот век, кога во нив живееле  и верници и испосници. Најпозната е Маркова црква а во неа фрескта на Св.Петка. Тука има стотина пештери,  со длабоки јами, испреплетени меѓусебно, со сталактити и сталагмити. Тие што ги посетиле откриваат дека се многу убави и интересни, но и привлечни за странските туристи. Најмаркантен дел од пределот е капрестиот објект во форма на шилец, наречен Попе, висок 150 метри.Овие пештери се дом на ретките птици.

- Овој предел е создаден за рекреација, не само на велешани туку и пошироко. Кањонот на Пешти и долна Бабуна се со специфична убавина и потенцијал, за развој на туризмот, но не масовен како езерото Младост туку за луѓе кои уживаат во природата – вели градоначалникот на Велес Аце Коцевски. Тука се споени  флората и фауната, така што пределот е дар на природата. Велешкото еколошко друштво Вила Зора него го доби по конкурсот од светската организација  Глобален еколошки фонд а во конкуренција со слични проекти од Белорусија, Украина, Молдавија и Македонија. Тие очекуваат дека со него ќе се ревитализира и од орнитолошки аспект, единствен комплекс Бабуна, Пешти, Тополка, Црн Камен, Макревац кој е признаен од европските стручњаци и прогласен за таков во 1989 година.

\"\"

Во пределот на Макаревац пронајдени се палеонтолошки остатоци од праисториски животни стари дваесет илајди години бизон, мечка, лав, дабар.Во друг пак локалитет Циглана пронајдени се остатоци од мастодонт, од миоценскиот период стар околу 10 милиони години.Сега се ова е достапно на гостите, кои ќе имаат можност на прошетка во минатото и сегашноста, но ретки глетки на природни убавини, сеутше недопрени од човекот.\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »