речник контакт

Екоцентар 97 од Скопје ја доби концесијата за користење на троската крај Велес

За 10 годишна концесија тие ќе платат 1,3 милиони денари

Петар Печков

Скопската фирма ,,Екоцнетар 97,,  е избрана з најповолен понудувач на јавниот повик за користење на   троската крај Велес. Оваа фирма била единствена која учествувала на  јавниот повик на Министерството за економија, иако   тендерска документација подигнале 11 фирми.  

Ова е епилогот по јавниот повик, со кој се бараше концесионер за троската, која е во локалитетот ,,Баш колиби,, и е резултат на три децениската работа на Топилницата.  Овој рид за екологистите и стручните лица, беше извор на загадување на градот и покрај неработењето на Топилницата, оти во него има тешки метали, кои се штетни по здравјето.  

По спроведената постапка, комисијата за спроведување на јавниот повик достави до Влада на Република Македонија  информација во врска со извршенета  еваулација, со предлог одлука за најповолна понуда. Владата на Република Македонија донесе Одлука за избор на најповолна понуда за доделување на концесија за експлоатација на техногена минерална суровина (троска) на Друштвото за собирање и примарна преработка на отпадоци увоз-извоз “ЕКОЦЕНТАР 97” ДООЕЛ Скопје на локалитетот “Баш Колиби“, општина Велес - информираа од Министерството за економија.  

Надоместокот за доделената концесија, која ја понудил ,,Екоцентар 97,, изнесува 1,3 милиони денари а рокот на користење  е  десет години.  Скопската фирма, која  доби да работи со ридот од троска, според нејзината интернет страница е компанија  која се занимава со собирање и примарна преработка на отпад кој содржи обоени и необоени метали. Покрај откуп и преработка на самите метали, таа се занимава и со отпад од електрична и електронска опрема, искористени возила, акумулатори, батерии и кабли.

Нашата мисија е да се намалат штетните и опасни материјали во природата и да се спречи  натамошното загадување со цел, да се обезбеди поздрава и почиста животна средина - е мотото нa Екоцнетар97.

Депонијата со згура близу Велес е една од црните еколошки точки во Македонија. Според стручните проценки таа е тешка 1,7 милиони тони, и во неа има 8 отсто цинк,  еден отсто олово,  како и кадмиум, што овозможува економска експлоатација. Целта на давањето под концесија на троската е да се отстранат штетните влијанија од депонијата со згура, која создава здравствени проблеми на жителите на Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »