Петар Печков
Објавено: четврток, 28 февруари 2019
Државната комисија за спречување на корупција обелодени дека поранешниот градоначалник на општина Лозово Орце Цветковски, во Oпштината си вработил тројца членови од својата фамилија. Антокорупциска се сомнева дека во Јавното водостапнаско претпријатие „Лисиче“ во Велес, тој влијаел и при вработувањето на својот син Мики Цветковски.
Како информатичар во општината Лозово си го вработил внукот Стојан Пешевски, а како советник за локален економски развој, екс градоначалникот си ја вработил внуката Убавка Дончевска. Братучедот Велин Николов бил вработен како комунален редар во општината.
Од Антикорупциска велат дека ќе побараат достава на целосната документација за сите вработувања за кои се сомневаат дека постои судир на интереси и непотизам.
Против поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Орце Цветковски, МВР минатиот месец поднесе кривична пријава. МВР го сомничи дека во постапките за легализација на дивоградби ги злоупотребил своите овластувања во период од септември 2015-та година, до март 2017-та година.
Tweet |