речник контакт

Екс градоначалникот на Општина Чашка, Горанчо Пановски доби три години затвор за легализацијата на Планинарскиот дом ,,Чеплес,,

Општина Чашка немала допирни точки со Планинарскиот дом ,,Чеплес,, ниту имала сметки да докаже дека работеле со него, ниту го изградиле ниту владеела со објектот,образложи судијата Перчинковски

Петар Печков

Горанчо Пановски поранешен градоначалник на Општина Чашка  неправосилно е осуден на три години затвор  за легализацијата на Планинарскиот дом ,,Чеплес,,. 

Според претседателот  на петочлениот кривичен совет Дејан Перчинков,  Пановски во времето кога бил на функција сторил кривично дело ,,злоупотреба на службана  положба,, по што  во Основниот суд во Велес беше погласен за виновен    за  искористување на својата службена положба и овластување,  при што прибавил значителна имотна корист за Општина Чашка во вкупен износ од 4.058.566,00 денари, а на штета на оштетеното здружение Планинарско спортски клуб ”Солунска глава”- Велес.

Според судијата Перчинковски  Општина Чашка немала допирни точки со Планинарскиот дом ,,Чеплес,, ниту имала сметки да докаже дека работеле со него, ниту го изградиле ниту владеела со објектот.

Целта на обвинетиот била ПД ,,Чеплес,, да стана сопственост на Општина Чашка па потоа веднаш да биде продаден на сегашниот сопственик Љупчо Ѓоргиев. За ова сведочи постапката од која се гледа дека од легализацијата до продажба,  трае 30 дена или започнала на 30 април а завршила на 3-ти јуни 2013-та година во кој период биле донесени повеќе одлуки - рече во завршниот збор обвинителката Гордан Тодорова. 

Според бранителот на обвинетиот, адвокат Трајче Тошевски, екс градоначалникот Пановски  - немал умисла  и не сторил материјална штета  со легализацијата на планинарскиот дом ,,Челпес,,.   

Одлуката за легализацијата  е законито спроведена од службите на општината ниту една странка нема поднесено жалба на постапката. Сумата е платена на сметка на општината,  не во џебот на градоначалникот а средствата се искористени за развој на инфраструктурата на општината, домот денес работи и прима гости. Дури на лицитацијата е постигната поголема сума отколку што вештакот на обвинителството ја проценил 3,4 милиони проценка а продаден  за 4 милиони денари.

Домот ,,Чеплес,,е подигнат 1952-та година преку доброволни акции и средства од фирми и граѓани и предаден на стопанисување на ПД Солунска Глава. Сопственикот ПД Солунска глава е испатен на граѓански спор за надомест на штетата.  Пресудата не е правосилна а судскиот процес траеше две години. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »