речник контакт

Екс директорот на Иванковци пријавил помала штеата за пожарот отколку проценатата

За ова СВР Велес му поднесе кривична пријава за „несовесно работење во службата“ и ”фалсификување на исправа

Петар Печков

СВР  Велес поднесе кривична пријава против лицето З.Ј. (48) од Велес- поради основи за сомнение дека сторил две кривични дела „несовесно работење во службата“ и ”фалсификување на исправа .

Пријавениот додека ја извршувал функцијата директор на ОУ Стојан Бурчевски Буридан во с. Иванковци СО Велес несовесно постапил во рамките на својте должности и овластувања и своерачно потпишал штетна спогодба за надомест на материјална штета од причина пожар, на ден 04.09.2012 година со друштво за осигорување УНИКА АД Скопје, во висина од 3.784.885,00 денари, помала од утврдената 11.317586,00 денари.

  Потоа истата и своерачно ја заверил со непостоечки број од деловодната книга, со што на  УНИКА АД Скопје и овозможил да стекне противправна имотна корист, а на штета на ОУ Стојан Бурчевски Буридан од с. Иванковци.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »