Петар Печков
Објавено: четврток, 21 октомври 2021
Од денес велешкиот фудбалски прволигаш ФК Борец 1919 има нов шеф на стручен штаб. Тоа е Јане Николовски, поранешниот репрезентативен голман на Македонија, информираа од клубот.
Откако ја заврши активната фудбалска кариера тој беше тренер во Хоризонт Турново, па спортски директор и тренер во Победа, па во второлигашот од Втора лига Запад Дрита од Боговиње, потоа во ФК Слога од Виница, член на Втората лига Исток.
Поранешниот македонски голман има 27 настапи во кариерата за нашата најсилна репрезентација, а беше чувар на мрежата во Слога Југомагнат во времето кога чаирскиот клуб освои три шампионски круни, потоа бранеше и за Славија Софија, Персеполис (Иран), Славен Белупо (Хрватска), како и кипарските АПОЕЛ И АЕЛ ПАфос.
ФК Борец 1919 и довчерашниот тренер Борче Христов, спогодбено се договориле да ја завршат соработката. Разделбата доаѓа по елиминација од 1/8 од Купот, вчера во Струга, каде ФК Борец на пенали загуби до домаќинот ФК Струга ТЛ. Во Првата лига пак ФК Борец 1919 е.10-ти до 12 екипи, по 10 одиграни кола, со 8 бода, две победи и две нерешени игри и шест порази.
Tweet |