речник контакт

Експозитурите на Алта банка од понедeлник нема да работат откако Народната банка воведе принудна управа

Доцна попладнево граѓани се обидуваа да извлечат пари од банкоматот на Експозитурата на АЛТА банка АД Битола,во Велес, но можеа само до 10 илјади денари

Петар Печков

Експозитурите на АЛТА банка АД Битола, од утре понедленик нема да работата. Ова доаѓа откако денес, недела попладне Народната банка на Македонија, преку нејзиниот гувернер објави дека воведе привремена мерка. Воведено е административно управување со имотот на баката. 

„Воведувањето на администрацијата подразбира дека управувањето со имотот на Банката преминува привремено во надлежност на лица именувани од Народната банка, а во рамки на дадените овластувања од Извршниот одбор на НБРМ. Со цел заштита на имотот на Банката, во наредните денови ќе важат одредени ограничувања за плаќања од сметките на клиентите на банката“ – соошшти гувенерот Траајко СЛавевски. 

Причината е што во текот на вчерашниот ден, од банката биле извлечени за еден ден, два милиони евра.

Граѓаните што имаат сметки во оваа банка ќе може да користат максимум по 10 000 денари неделно за плаќања кон надвор. За внатрешни плаќања од една на друга сметка во банката, износот е неограничен. 

Славески појасни дека календарската седмица во која ќе важи лимитот од 10 000 денари ќе се смета од понеделник до недела. 

Алта банка Битола не спаѓа во редот на системски значајни банки, заради учеството во вкупната актива, но сепак е многу значајна од регионален аспект.

Администратори на Алта банка Битола во овој период, како што рече Слвевски, ќе бидат три лица од Народната банка. Максималниот рок на траење на времените мерки е три месеци, но тој очекува состојбите да се решат поскоро, бидејќи имал неофицијални информации дека повеќе лица се заинтересирани да ги купат акциите на банката.

Денес, недела околу 11ч. Експозитурата на Алта Банка АД Битола во Велес беше отворена. Имаше комби на фирмата која ги врши заштитарските услуги за банката, паркирано пред неа и двајца вработени. Тие објаснија дека се дојдени да извршат пополнување на банкоматот, оти тој бил испразнет. И дека за кратко ќе продолжи да работи.  Вечерва имаше странки кои имаат платежни каритички во банката тие подигаа готовина преку банкоматот. Се обидоа да подигнат по 20 илјади денари но апарот не дозволуваше, туку само 10 илјади 

Доцна попладнево на веб страницата на АЛТА Банка АД Биутола беше објавено следното соопштение:

„Ве информираме дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување“

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »