речник контакт

Екссопругата на Мики Јевремовиќ во Велес купувала со фалц девизи

Обвинителството го повлече обвинението откако се докажало дека таа немала намера, ниту знаела дека пазари со фалсификувани евра

Петар Печков

Белграѓанката Соња Кулиер Ѓоргевиќ ( 51 год) која беше фатена како во Велес купува со фалц девизи е ослободена од обвинението и  си замина дома, откако 24 часа мина во полициската станица. Обвинетата на јавноста ја знае како поранешна сопруга на познатиот пеач на шлагери Мики Јевремовиќ, со кого од неодамна е разведена и како мајка на познатата српска пеачка Јелена Јевремовиќ, а своевремено таа била и Мис на БиХ.

Обвинителството го повлече обвинението откако со ништо не беше докажано дека Кулиер Ѓорѓевиќ делото, пуштање во промет на фалсификувани пари, го сторила смислено и со намера. Таа често  престојувала во Велес работно, како соработник на една текстилна фабрика, така било и во вторникот.

Откако дојдов од Бугарија и ја завршив мојата обврска тргнав да купам неколку порачки за мојот син и за внуката. Во еден бутик ми се допаднаа работите, и бидејќи немав денари вработената на нејзина иницијатива ми рече дека ќе ми ги замени еврата, да не одам во менувачница, Работите ги платив и добив кусур во денари и заминав во друг бутик, кога дојде девојката и ми рече дека стоте евра се фалсификат. Тогаш ги вратив купените работи и парите, а ги земав еврата, само замолив да ми ја чуваат облеката за да подоцна сепак ја купам – изјави Кулиер Ѓорѓевиќ на судењето во Основниот суд во Велес.

Таа посетила други околни дуќани и набргу додека шетала по тротоарот, застанала полициска кола, излегле полицајци, је легитимирале и замолиле да појде со нив. Таа ги послушала и во  полициската станица останала 24 часа по што била осомничена и против неа беше поднесена кривична пријава за пуштање во промет на фалсификувани пари. На судскиот процес таа се бранеше сама, без адвокат.

Нејзината одбрана беше дека пред доаѓањето престојувала во Бугарија каде сменила 3.500 евра и тие  пари ги трошела а меѓу нив била и една од сто евра која подоцна се покажало дека било фалц. Дека не занела за фалсификуваните евра таа докажа со тоа што ги вратила купените работи а истата банкнота не ја пуштила во промет во друг бутик, па обвинителството реши да го повлече обвинението а екс сопругата на Мики Јевремовиќ, Соња си замина за Белград.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »