речник контакт

Електронска проверка на знаење

Велес доби можност родителите електронски да проверуваат дали учениците се на училиште, какви оценки имаат. Ова е прв ваков проект во Македонија поддржан од Мајкорософт и други вреден 4 милиони денари.

Петар Печков

Родителите на велешките ученици по електронски пат ќе можат да проверуваат нивните деца дали посетуваат настава, да ги проверуваат оценките и да комуницираат со нивните професори.

Ова се придобивките кои ги носи проектот „Воспоставување на општински образовен портал“ чија реализација ќе започне од есен во петте основни и четирите средни училишта во Велес.

- Ова е исклучително важен проект ако Македонија сака да гради општество базирано на знаење. Со проектот создаваме заедница на родители, ученици, професори која ќе комуницира на нов начин и квалитет и ќе произведе поквалитетен процес на знаење и учење - изјави Илијанчо Гаговски директор на Мајкорософт Македонија која е најголем донатор во проектот вреден четири милиони денари.

Тој вината за реализацијата на проектот ја припиша на градоначалникот на Велес, кој истиот им го понудил на Мајкорософт и тие го прифатиле. Можност повеќе за негова реализација била и тоа што градот во врвот според бројот на компјутери во домашни услови по ученик во Македонија.

Во него вклучени се и Фондацијата отворено општество ФИООМ, кабелската телевизија Спринт и локалната самоуправа на Велес.

На овој начин ќе бидат опфатени 5,5 илјади ученици од основното и 3,1 илјада ученици од средното образование и 530 нивни наставници и професори, кои освен меѓусебна комуникација ќе имаат можност и за далечинско учење, тестирање и создавање на бибиотеки на знаење.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »