речник контакт

Елена Ристеска на Евросонг 2006

Елена Ристеска која припаѓа на младата генерација македонски поп пејачи, ќе ја претставува Македонија на годинешниов избор на песна на Евровизијата што ќе се одржа во мај во Атина.

Никола Солев

Елена Ристеска која припаѓа на младата генерација македонски поп пејачи, ќе ја претставува Македонија на годинешниов избор на песна на Евровизијата што ќе се одржа во мај во Атина. Ова беше решено на синоќешниот национален избор на Евросонгот кој го организираше Македонската радио телевизија. Во конкуренција на 20 композиции од 17 изведувачи, песната на композиторот Дарко Димитров „Нинанајна“ доби најмногу гласови. Изборот се изврши со телфонско гласање во кое не беше ограничено бројот на повиците. Македонија досега учествувала неколкупати на избор на песна на Евровизијата, а најуспешен беше минатогдишниот претставник Мартин Вучиќ кој се пласираше на 15.место. Извор: [url=www.makfax.com.mk/look/agencija/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=1&NrIssue=398&NrSection=10&NrArticle=18198]Макфакс[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »