Петар Печков
Објавено: петок, 01 септември 2017
На 11-ата по ред манифестација,, Сладоледијада,, победи Елица Тасева која подготви був со јајца. За овој нејзин специјалите телото на птицата беше изработено од ананас и диња, кои беа изрезбани, додека гнездата за јајцата беа тесто за тулумби. За декорација имаше морков, грозје. И оваа декорација според жирито и посетителите, беше прогласена за најуспешна на вечерата.
Второто место и припадна на Анкица Гаштева за ,,морска фантазија,, со корнети, топчиња со фондан, гумени топчиња, сладолед, чоколадни фигури , додека третото место го поделија или заеднички ја освоија наградата учениците од угостителскиот смер на Средното училиште ,,Коле Неделковски, Виктор Мирчевски и Ана Угриновска, со панда и сендвич, заедно со овошниот лебед.
Целта е да се истакне креацијата на тие што умеат да работат со сладоледот. Тој е специфичен за работа оти неговата употреба е за краток период Сладоледот го имаме во неограничени количества, според потребите и на натпреварувачките и гостите. Потоа и дружењето на нашите жени од Здружението- рече Рајна Стојанова претседателка на Здружението на граѓани ,,Креација 2009,,.
Четворица од учесниците се натпреваруваа по прв пат и за прв пат имаше ученици од угостителство од ,,Коле Неделковски,,. Сите учеснички добиваат бесплатна посета на Рилскиот манастир. Победникот добива бесплатна вечера за двајца во Базен Снупи и пет литри сладолед, вториот три литри и третиот два литри. Сладоледот за манифестација го обезбеди ,,Милина,, од Прилеп.
Tweet |