речник контакт

Елко, елко.. од колбасите на Агриа

Единствена новогодишна елка од колбаси во Велес

Петар Печков

 Свињарската фарма Агрија  од Велес, подготви невообичаен новогодишна елка. Во нивната месарница во центарот на  градот, поставена е елка накитена со колбаси, од нивно производство.

 Висока е еден метар и употребени  се 20 кг. колбаси, специјално подготвени за оваа пригода. Колку сериозно се работела елката зборува и тоа што за неа е изработена специјална метална конструкција на која се закачени колбасите.  

Се планира елката да стои до Нова година, под услов колбасите да бидат свежи.

 Несекојдневната елка за кратко време стан хит меѓу велешани, кои се фотографираат преку излогот но ја фотографираат и елката. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »