Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 февруари 2026
Ноќеска возач на автопат, близу Демир Капија, управувал возило иако имал забрана за управување но и бил во алкохолизирана состојба. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 16.02.2026 во 02:25 часот на автопатот Неготино-Демир Капија, кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода П.П.(31 год) од село Корешница, општина Демир Капија. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „ауди“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од П.П., при што било констатирано дека возилото го управувал со изречена забрана за управување на возило од Б категорија и под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.39 промили алкохол во крвта“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.
По насока на јавен обвинител, П.П. бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
| Tweet |




